Ракомет
Тренерот на Еурофарм Пелистер по поразот од Војводина: Ја „убија“ нашата флуидност
Тренерот на Еурофарм Пелистер со свое видување за мечот со Војводина на првиот натпревар од СЕХА лигата и поразот од 29:24.
-Агресивната 6-0 одбрана на Војводија ја „уби“ нашата флуидност. Од таа агресивност не можевме да напаѓаме како што планиравме. Не трчавме многу без топка и покажавме физичка инфериорност. Сепак, тоа е заслуга и на нашиот противник. Не работевме комплетни овој месец и ритамот ни е пореметен. Но, нема изговори, загубивме од подобар тим и треба само да работиме за да се подобриме, изјави тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер.