Фудбал
Тренерот на Црвена Звезда по мечот со Олимпијакос: Ова е Србија, овде лесно се заборава
Презадоволен беше тренерот на Црвена Звезда Владан Милојевиќ беше презадоволен со победата над Олимпијакос. Но, освен пофалбата за своите играчи, имаше и коментар за спортската јавност во Србија. Како што вели тој, иако тимот многу направил за државата на спортски план, сепак по поразот од Партизан во дербито врз неговите фудбалери имало огромен притисок од страна на медиумите и јавноста.
-Се направи вештачка „финта“. Веднаш после дербито со Партизан се создаде атмосфера дека ние не правиме ништо, не постигнуваме ништо, само трошиме пари, изјави Милојевиќ, кој притоа додаде:
-Не треба никој да не фали, но само се прашувам дали сте свесни што сме направиле и со кои тимови играме? Играме со Баерн, примаме голови. Што треба да направат сега Тотенхем и Покетино? Со милијардите?, вели тренерот на Црвена Звезда.
Стратегот на „црвено-белите“ се осврна и на досегашниот тек од учинокот на тимот.
-Не знам колку луѓето можат да сфатат колку се тешки овие натпревари за нас. Играме од првото коло на квалификациите. Сетете се на Копенхаген, 120 минути, со играч помалку. Да, ќе се согласиме дека ова е Србија и дека тука се се заборава, бла бла…Невиден притисок се случи по поразот од Партизан, вели Милојевиќ.