Connect with us

Кошарка

Тренерското столче за Сфаиропулос

Катастрофалните резултати на почетокот од сезоната придонесоа најпознатиот израелски кошаркарски колектив, Макаби Тел Авив да го отпушти тренерот Невен Спахија. Но, Израелците не чекаа долго и тренерското место веднаш го пополнија со грчкиот стратег Јанис Сфаиропулос, кој потпиша двегодишен договор.

  • Многу сум горд што ќе бидам дел од вака голем клуб, каков што е Макаби ТА. Сакам да им се заблагодарам на сопствениците на клубот, на менаџментот и на сите останати кои беа заслужни да се случи ова и кои веруваат во мене, да бидам тренер на екипата. Сега е време да работиме напорно за да ја промениме ситуацијата во тимот. Имам целосна доверба во ростерот со кој располагам, изјави Сфаиропулос.

Грчкиот стратег ќе дебитира на клупата на Макаби ТА, на гостувањето во Истанбул, кај секогаш незгодниот Анадолу Ефес во рамките на осмото коло од Евролигата.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com