Кошарка
Трета недела по ред МЗТ Скопје има МВП во АБА2 лигата, овој пат најдобар е Дамјан Стојановски
Третата победа по ред за МЗТ Скопје Аеродром во АБА2-лигата, трет пат по ред го има најдобриот играч на колото. МВП на третото коло е Дамјан Стојановски. На средбата против словенечкиот тим Рогашка (74:54) Стојановски постигна 18 поени, девет скокови и пет украдени топки.
Претходно исто така од МЗТ Скопје, кошаркарите Нуни Омот и Џабари Хиндс се закитија со МВП наградата.
Во следното коло во регионалното натпреварување МЗТ на домашен терен го пречекува Бораз Чачак.