Connect with us

Кошарка

Третиот дел од едукацијата за тренери на КФСМ во септември во Охрид

Кошаркарските тренери, кои се запишани на едукацијата за тренери што ја спроведува Кошаркарската федерација на Северна Македонија, третиот дел од едукацијата ќе го следат на 14 и 15 септември во Охрид.

Од КФСМ соопштуваат дека сите тренери треба да пристигнат во Охрид, не подоцна од 10:30 часот наутро на 14 септември, а едукацијата ќе се реализира два дена, односно на 14-ти и на 15 септември.

Здружението на кошаркарски тренери потенцира дека запишана или завршена едукација за тренерите без соодветно образование е еден од неопходните услови за добивање на тренерска лиценца.

Сите тренери кои не успеаја да се запишат навреме во првата група на едукацијата за тренери можат да го сторат тоа со апликација на [email protected] најдоцна до 1 септември 2019 година. Предавањата се предвидени да започнат со почетокот на сезоната 2019/2020.

Годишниот тренерски семинар, кој е задолжителен за сите тренери кои сакаат да се здобијат со тренерска лиценца за натпреварувачката сезона 2019/2020 ќе се одржи на 21 и на 22 септември во Скопје.