Connect with us

Кошарка

Трето издание на Меѓународниот кадетски кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“

Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје од утре до недела ќе се одржи третото издание на Меѓународниот кадетски кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“ на кој ќе настапат екипи од шест земји.

Покрај македонските екипи МЗТ Скопје Аеродром и Вардар, на третото издание на У15 интернационалниот турнир ќе настапат Партизан и Триумф од Србија, Клуж од Романија, Перник од Бугарија, Интер Братислава од Словачка и Ол Стар од Црна Гора.

Традиционалниот турнир се одржува во чест на легендарниот кошаркарски стратег Драган Василов – Цевка, чија страст беше работа со младите категории, соопшти КФСМ.

Организатор на турнирот и оваа година е Општина Аеродром, а помагатели се КФСМ и Македонскиот Олимписки Комитет.

Advertisement