Connect with us

Фудбал

Три дена по отказот, Мурињо најде нова работа: Презема клуб кој не бил шампион 12 години

Саудискиот весник „Ал-Шарк Ал Авсат“ објави дека португалскиот тренер Жозе Мурињо постигнал договор да го преземе кормилото на Саудиски Ал Шабаб. Три дена по заминувањето од клупата на Рома, Жозе Мурињо е подготвен да се врати на терените. Така барем тврди саудискиот весник „Ал-Шарк Ал Авсат“, кој наведува дека португалскиот тренер постигнал вербален договор за преземање на моментално 11-то рангирана екипа во саудиската лига.

Договорот, наводно, бил постигнат по онлајн состанокот помеѓу Мурињо и Доменико Тите, спортскиот директор на Ал Шабаб, за време на кој Специјалниот го покажал своето знаење за „саудискиот спортски проект“ и ветил дека ќе претстави „широк план“ за успехот на Ал Шабаб. Ал Шабаб нема освоено титула во Про лигата веќе 12 години, а нивниот последен трофеј дојде пред една деценија во Купот на кралот на Саудиска Арабија. Меѓу играчите кои веќе се во клубот се Јаник Караско, Евер Банега и Роман Саис, а доколку соработката и официјално биде потврдена, тоа ќе биде прво назначување на Мурињо надвор од Европа.