Фудбал
Три имиња во игра за нов тренер на Барселона
Ернесто Валверде веројатно ќе ја „истера“ сезонава до крај, а потоа ќе следува разделба, бидејќи раководството на Барселона не е задоволно од неговата работа.
Според одреден број на каталонски медиуми, три имиња се спомнуваат за негов наследник.
Во игра се Марсело Гаљардо, тренер на Ривер Плата, потоа славниот Роланд Куман, но и актуелниот тренер на Ајакс Ерик тен Хаг.