Connect with us

Други спортови

Три победи на Лина Ѓорческа во Висбаден Германија

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела игра на многу силниот ITF турнир (категорија W80) во германскиот град Висбаден. Пред неколку минути заврши мечот од првото коло на главниот турнир. Ѓорческа извојува вредна победа против фаворитката Бјанка Турати од Италија (7-6 ; 5-7 ; 7-6). Ова беше веројатно најдолгиот и најтешкиот меч во нејзината кариера. Мечот беше со многу пресврти и траеше речиси 4 часа.

Поради голем број пријавени тенисерки коишто се подобро пласирани на WTA листата, нашата Ѓорческа претходно мораше да игра квалификации. Во првото коло извојува победа против германската тенисерка Јулија Мидендорф (6-3 ; 6-4). Во второто коло победи против Латвијката Дијана Марцикевича (6-4 ; 6-1) и без изгубен сет се пласираше на главниот турнир.

За пласман во четвртфиналето Ѓорческа најверојатно утре ќе игра против силната Русинка и 4-та носителка на турнирот, Марина Мелникова. Најголема фаворитка за освојување на трофејот во Висбаден е Французинката Клара Бурел, 91-ва на WTA листата.

Освен во поединечна конкуренција, Лина Ѓорческа ќе настапи и во двојки, а нејзина партнерка на овој турнир е Швајцарката Ксенија Крол којашто едно време беше и на 40-то место на WTA листата во двојки.

Извор: FRONTLINE.MK

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама