Фудбал
Три респектабилни тренери го чекаат отказот на Михајловиќ
Со освоените два бода во последните пет кола, заработени од клубови од долниот дел на Серија А, Верона и Кротоне, статусот на Михајловиќ како тренер е во прашање.
Самиот Михајловиќ призна по сериозниот пораз од Фиорентина од 3:0 дека неговата судбина е во рацете на раководството на клубот. Дополнителна потврда за отпуштање на Михајловиќ е изјавата на директорот на Торино, Џанлука Петраки, кој размислува за можни ригорозни промени.
Според calciomercato.com за тренерската позиција во Торино е Валтер Мацари, кој е без договор по отказот од Ватфорд ова лето.
Менаџмент на Торино имаат уште една опција во форма на поранешниот тренер на Фиорентина Пауло Соуза, бидејќи Мацари води и во контекст на можно преземање на Милан ако Монтела е отпуштен, а како трет најевтината опција e Серсе Косми.