Фудбал
Тричковски потпишува нов договор со АЕК Ларнака
Иван Тричковски ќе ја продолжи авантурата во редовите на АЕК Ларнака. Информацијата дека договорот е продолжен ја објавија од кипарскиот клуб, меѓутоа најавија детали по утрешната финализација и потписот. Актуелниот договор на Тричко му беше до јуни 2022 година.
„Со задоволство можеме да објавиме дека е договорено да биде продолжена соработката со Иван Тричковски. Повеќе детали утре, по официјалниот потпис на договорот“, објави денеска кипарскиот клуб.
Во новата сезона од кипарската лига Тричковски е стрелец на секој натпревар. Одигра пет натпревари, а даде вкупно шест гола и е на врвот на листата на стрелци.