Connect with us

Кошарка

Триото Џорџ, Ентони и Вестбрук ги „растурија“ Кливленд и Џејмс

Кливленд во Оклахома Сити прими дури 148 кошови со резултат 124:148, а нивната ѕвезда Леброн Џемјс, постигна 25 поени, влезе во историјата како седми играч кој постигнал повеќе од 30.000 поени.

Но ниту Џејмс не успеа да ги спаси Кавалирс од понижувачкиот пораз од одличните Тандерс. Пол Џорџ со 36, Кармело Ентони со 29 и Расел Вестбрук со 23 поени и дури 20 асистенции беа немилосрдни за вицешампионите. Оклахома имаше огромна надмоќ во скокот 52-28, имаа 51,7 отсто прецизност во шутот и 27 проценти во ударот за „тројки“. За Кливленд ова е петти пораз во последните шест натпревари и само се трети во Источната конференција зад Бостон и Торонто.