Connect with us

Фудбал

Трогателни сцени на Сан Сиро, Ибрахимовиќ не можеше да ги задржи солзите (ВИДЕО)

Во тек е последното коло во италијанската Серија А, а легендарниот Златан Ибрахимовиќ се збогува со Росонерите на полниот Сан Сиро на дуелот помеѓу Милан и Верона.

За популарниот Ибра, фановите подготвија специјална кореографија на која беа испишани зборовите Godbye , што укажува на неговиот статус на божество меѓу црвено-црните навивачи.

Швеѓанецот во еден момент не можеше да ги задржи солзите, па на навивачите им испрати порака на срце кое го обликувал со свои раце .

Ибрахимовиќ одигра само 144 минути на теренот во четири настапи оваа сезона поради повреда, но стана и најстариот стрелец во историјата на Серија А со искористувањето на пенал против Удинезе во март.

Швеѓанецот минатата сезона ја освои шампионската титула со Милан, прва по 2011 година кога беше и член на Милан. Ибрахимовиќ во тој период го носеше дресот на Милан од 2010 до 2012 година.