Фудбал
Тројца фудбалери на Јунајтед на мета на Њукасл за јануари
Новиот тренер Еди Хау веќе направи листа со потенцијални засилувања, а интересно е што на листата има дури тројца фудбалери на Манчестер јунајтед.
Откако новите сопственици влегоа во Њукасл овој клуб се најде во центарот на вниманието и се поврзува со разни имиња.
Првата желба е резервниот голман на „Црвените ѓаволи“ Дин Хендерсон, а потоа Дони Ван Де Бек и Џеси Лингард. Лингард беше одличен за време на позајмицата во Вест Хем, но по враќањето во Јунајтед игра премалку и нема прилика да покаже што знае. Ван Де Бек во клубот дојде како големо засилување, но од некоја причина Солскјер не смета сериозно на него.