Тајмаут
Трол на годината: На „Џузепе Меаца“ ќе се игра Лига на шампиони и без Интер
Интер загуби од „децата“ на Барселона на домашен терен со 2:1 и со тоа пропушти шанса за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Имаше многу шеги на сметка на „нероаѕурите“ особено откако стана јасно дека Барселона предвреме им „попушти“ односно настапи со комбиниран состав и повеќето млади фудбалери. Токму еден таков, 17 годишниот Ансу Фати им пресуди со својот гол во последните моменти од мечот со што стана најмладиот стрелец во Лигата на шампионите.
Сега Интер мора да трпи шеги на нивна сметка. Но, онаа која што може да се каже е најголемата е дека барем навивачите не мора да жалат бидејќи покрај тоа што во осминафиналет го нема Интер, а секако го нема ниту Милан, на стадионот во Милано сепак и напролет ќе има Лига на шампиони.

За ова заслуга има Аталанта која го совлада Шахтјор вечерва, а Динамо Загреб загуби од Манчестер Сити, па како второпласирана екипа обезбеди пласман во нокаут фазата. Поради тоа што нивниот стадион не исполнува одредени критериуми, како домаќин во ЛШ Аталанта игра на фудбалскиот храм во Милано.