Фудбал
Целиот тим на Интер во карантин, откако беше потврдено дека фудбалер на Јувентус има коронавирус
Јувентус и Интер во неделата го одиграа дербито на Италија пред празни трибини. Поради коронавирусот беа преземени неколку мерки. Сепак, синоќа Јувентус потврди дека нивниот фудбалер Ругани е позитивен на тестирањето на Ковид-19. Веднаш го ставија целиот тим во карантин, ги суспендираа сите активности.

Неколку часа подоцна и Интер соопшти дека ги прекинува сите активности и дека нивниот тим ќе биде во изолација,.
Како што е познато сите мечеви во Италија се прекинати до 3-ти април.