Connect with us

Други спортови

Циципас цели кон титулата во Ротердам

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас и Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасим ќе се соочат во финалето на АТП 500 турнирот во Ротердам. Натпреварот е денеска со почеток во 15:30.

Двајцата играчи мораа да поминат низ 4 пречки за да стигнат до оваа фаза, а куриозитет е што статистиката и за двајцата е апсолутно идентична. Циципас и Аугер-Алиасим досега загубија два сета, земајќи два гема со по 2:0 сетови.

Стефанос во полуфиналето го победи Чехот Јиржи Лехецка, додека неговиот ривал од Канада извојува престижна победа против еден од фаворитите за трофејот – Андреј Рубљев.

Допрва ќе дознаеме кој ќе ја понесе титулата во Холандија.