Connect with us

Ракомет

Црногорец по стапките на неговиот татко, ќе го носи дресот на Вардар

Црногорскиот кадетски репрезентативец, Андреј Добрковиќ кој има 18 години, стави потпис на двегодишен договор со Вардар.

Добрковиќ игра на позицијата среден бек, тој во Вардар доаѓа од Целје каде што настапуваше досега.

Добрковиќ е познато презиме што се поврзува за Вардар, бидејќи неговиот татко Марко Добрковиќ настапуваше една сезона во Вардар во сезоната 2005/2006.