Кошарка
Црногорецот Вучевиќ им пресуди на Леброн и Лејкерс
Црногорскиот кошаркар Никола Вучевиќ уште еднаш се покажа како нерешлива енигма за Леброн Џејмс и неговите соиграчите. Дека му одговара противникот и градот во кој ги помина студентските денови, говори податокот што и на вториот меѓусебен натпревар сезонава беше неприкосновен на теренот, забележувајќи 31 поени, 15 скока, 7 асистенции и 3 блокади предводејќи го Орландо до голема победа против Лос Анџеелс Лејкерс со 108:104.

Вучевиќ ја игра својата 8-ма НБА созона и со одличните бројки веќе може да констатираме дека е печен за Ол-Стар натпреварот, додека кај поразените се истакна Леброн Џејмс со 24 поени.
Во битката за првата позиција на Западот, меѓу Портланд и ЛА Клиперс, поуспешни беа гостите со 100:104, благодарение на одличната трета четвртина во која буквално го скршија противникот со 38:16. Прв играч кај победникот, воедно и играч на натпреварот беше Тобајас Херис кој постигна 34 поени, надополнети со 11 скока. Кај Блејзерс, Лилард имаше 30 поени.
Детроит го совлада Феникс со 118:107, Атланта го победи Шарлот со 123:124, Торонто ја продолжи победничката серија победувајќи го Мајами на Флорида со резултат 115:125, Њујорк ја оствари третата победа во низа во уште едно изненадување на вечерта, совладувајќи го со 103:98 тимот на Мемфис кој сезонава игра одлично.
Јута забележа убедлива победа над Сакраменто со 133:112, а Филаделфија многу потешко од очекувањата славеше над Бруклин со 127:125, со тројка на Џими Батлер во последната секунда од натпреварот.