Црвена Звезда ќе го има најубавиот стадион во Европа (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Црвена Звезда наскоро треба да добие нов стадион, односно сегашниот „Рајко Митиќ“ или попознат како „Маракана“ ќе биде целосно реконструиран. Клубот ги презентираше финалните три проекти кои беа одбрани во конкурсот за реконструкција на белградскиот стадион. Било кој од проектите да биде избран, Црвена Звезда ќе го има еден од најубавите стадиони во Европа.