Connect with us

Кошарка

ЦСКА Москва со прв пораз за сезоната на Евролигата

Црногорскиот тим Будуќност го нанесе првиот пораз во сезоната на ЦСКА Москва во кошаркарската Евролига.

На дуелот од деветтиот круг во Подгорица, домаќините победија против силниот руски тим со 93:92 (17:21, 18:28, 30:18, 28:25).

Данило Николиќ постигна кош 6 секунди пред сирената и донесе успех на Будуќност, а во последниот напад Кори Хигинс пропушти да забележи два поени.

За победниците, Ерл Кларк постигна 18 поени, додека Немања Гордиќ додаде 17 поени.

За ЦСКА Москва со 19 поени се истакна Нандо де Коло.

Рускиот тим е на врвот на табелата, заедно со Реал Мадрид и Фенербахче Турција. Три екипи имаат осум успеси во девет натпревари.

Резултати од Евролига:

Будуќност – ЦСКА Москва 93:92
Жалгирис – Химки 83:84
Басконија – Панатинаикос 86:77
Барселона – Олимпија Милано 90:80.