SPORTM.mk
Тухел бара Дембеле да биде дел од трансферот на Нејмар
Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел сака Усман Дембеле да биде вклучен во договорот во евентуален трансфер на Нејмар во Барселона, објавија медиумите во Франција.
Во ПСЖ се надеваат на добивање дарежлива понуда, но немаат ништо против, да го добијат Усман Дембеле плус пари.
Претходно беше објавено дека Барселона не сака да го даде на 22-годишниот Французин туку трансферот се согласува да биде вклучен Филипе Кутињо.
Сегашниот договор на Дембеле е валиден до јуни 2022 година. Минатата сезона тој одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, постигна 14 голови и забележа девет асистенции.