Connect with us

Фудбал

Тухел: Ќе бидеме подготвени, скромни и ќе ја почитуваме играта на Малме

Актуелниот европски првак е фаворит за бодовите и на оваа средба. Томас Тухел најави дека неговите фудбалери ќе покажат почит за играта на шведскиот претставник.

„Добро ни оди. Знаеме што е потребно за да се постигнат добри резултати. Ова е петти или шести натпревар по ред на кој важеме за фаворити и ми се допадна како мојот тим се справуваше со тоа досега. Мораме да бидеме подготвени, скромни и да ја почитуваме играта на противникот, бидејќи во фудбалот се е можно“, изјави Тухел.

Тимот од Лондон во вторник ќе игра против Малме во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.