Connect with us

Фудбал

Тухел сака да го земе дома блудниот син Дембеле

Челзи размислува за понуда за напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле. Французинот одби повторно да потпише нов договор под предложените услови и од „Камп Ноу“ го повикаа веднаш да си замине бидејќи нема да се потпрат на него до крајот на сезоната.

Самиот играч одговори на овој повик велејќи дека ќе дава се од себе додека не му истече договорот, како и секогаш, и нема да дозволи да биде уценуван.

Според „Сан“, Челзи е еден од клубовите кои имаат интерес да го ангажираат Дембеле до крајот на сезоната, а потоа да потпишат со него како слободен играч. Заинтересиран е и Њукасл, но Французинот најверојатно нема да прифати понуда од тим кој се бори за опстанок.

Се говори дека Барселона ќе бара околу 3 милиони фунти за киријата на Дембеле. Според каталонски „Спорт“ постои и клуб од Бундеслигата кој исто така би сакал да го ангажира Французинот.