Фудбал
У21: Македонија- Србија со директен пренос на МРТ 1
Натпреварот во Охрид закажан од 16:00 часот меѓу Македонија и Србија ќе може да го проследиме низ директен пренос на МРТ1.
Овој натпревар ќе биде борба за први бодови и на двете селекции.
Кога се говори за традицијата, учинокот во меѓусебните дуели е апсолутно на страната на Србите кои последен пат се поразени во 2010 година во пријателски меч (0-1), а оттогаш запишаа пет победи и две ремија.