Фудбал
У21 тренираше, вечерва го игра квалификацискиот меч против Франција
Македонската репрезентација до 21. година на чело со селекторот Драган Канатларовски вечерва со почеток од 18:30 минути на ММА арената во Ле Ман го игра квалификацискиот меч од новиот циклус против домаќинот Франција.
„Секако дека знаеме против кого играме но тоа нас само повеќе не мотивира. Ќе дадеме се од себе добро да го стартуваме овој циклус, и да останеме непоразени кај еден од главните фаворити во групата“ – велат нашите репрезентативци.