Connect with us

Тајмаут

Убавата Македонка кажа „Да“ на хрватската ракометна ѕвезда, се венчаа во црква во Мостар (ФОТО)

Хрватскиот ракометар Игор Карачиќ и неговата избраничка, Македонката Душица Андановска се венчаа во петокот во црквата Свети Петар и Павле во Мостар, БиХ, родниот град на ракометарот.

Двојката се венчала пред матичар во јуни минатата година, а сега љубовта ја овековечиле со црковна венчавка. Минатата година венчавката се одржа само во кругот на најблиските пријатели и семејството, додека оваа година решија да направат голема прослава.

Убавата невеста повторно воодушеви од изборот на венчаница, а овој пат блесна во едноставна, тесна венчаница со спуштени раменици, а комбинацијата ја зачини со едноставен накит.

Инаку, Душица и Игор се запознале додека ракометарот настапувал за македонскиот Вардар каде мина седум години. Моментално живеат во Полска каде Игор игра за ракометниот клуб Киелце.