Тајмаут
Убавицата му ја уништила кариерата: 20 години подоцна признава, се каам, ме натера да одам во Барслона
Некогаш столбот на страшната и доминантна репрезентација на Франција, тој беше на својот врв и на чекор од тоа да биде дел од најлегендарниот тим во Премиер лигата. Меѓутоа, одлуката што ја донел поради тогашната сопруга му се „удри од глава“ и му ја испратила кариерата на надолна патека!
Емануел Пети пораснал во Монако и станал клупска легенда од кнежевството бидејќи одиграл 222 лигашки натпревари помеѓу 1988 и 1997 година пред да се пресели во Арсенал. Тој играше брилијантно за Арсенал под палката на Венгер, ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Комјунити Шилд пред да замине во Барселона во 2000 година на барање на неговата тогашна сопруга! Сега се сети на тоа, на крајот ќе испадне многу лоша одлука!
Новинар: Зошто си замина од Арсенал?
Емануел Пети: Поради сопругата. Не сакаше да живее во Англија и сакаше да оди во Барселона.
Н: Дали ви се допаѓаше Барселона претходно?
ЕП: Отсекогаш сум ги сакал Барселона и Реал Мадрид, тие меѓу најголемите клубови во светот. Но… Требаше да останам во Арсенал, дефинитивно… Знаете, понекогаш тревата не е позелена на друго место. Подобро е да останете таму каде што сте. Кога ќе добиете љубов и среќа, кога сте успешни, зошто би заминале?
Н: Дали сериозно се каеш за тоа?
ЕП: Да, дефинитивно. Кога би можел да се вратам во минатото, веројатно би направил поинаков избор.