Connect with us

Кошарка

Убедлива победа на Гостивар против Шкупи

Екипата на Гостивар ја постигна и четвртата победа во Првата кошаркарска лига откако вечерва пред домашната публика ја совлада екипата на Шкупи со 94:78. Најефикасен на дуелот беше Јурај Серагиќ со 24 поени.

На вториот дуел одигран вечерва Охрид го победи Кожув со 86:74, откако беше подобар во вториот дел бидејќи на полувреме гостите од Гевгелија водеа со 40:35.

Вчера во првиот дуел од 4.коло Работнички – Пелистер 105:49.
Утре се играат натпреварите: Карпош Соколи – Фени Индустри и Струмица – Куманово.

Колото ќе биде комплетирано во четврток со дуелот МЗТ Скопје Аеродром – Блокотехна.

Работнички и Гостивар се на првите две позиции на табелата со по четири победи без пораз, а зад нив се Блокотехна и Карпош Соколи со по три победи и без пораз.