Connect with us

Кошарка

Убедлива победа на Реал Мадрид во дуелот против ЦСКА Москва

Екипата на Реал Мадрид забележа убедлива победа во дуелот против московска ЦСКА во кошаркарската Евролига.

На натпреварот од 3. коло одигран во Мадрид, шпанскиот тим средбата ја заврши со 12 резлизирани „тројки„ за на крајот да оствари победа со конечни 82-69.

На останатите три натпревари Макаби во Тел Авив ја победи Басконија 74-68. Предноста на домашниот терен ја искористи и Панатинаикос кој со 93-83 го совлада Бамберг.

Актуелниот европски шампион Фенербахче славеше на гостувањето во Милано кај Армани дури по продолжение со 92-86. Македонскиот репрезентативец Џордан Теодор средбата ја заврши со 15 поени и седум асистенции.

Денеска на програмата се останатите четири натпревари, а во нив ќе играат: Црвена звезда – Барселона, Химки – Жалгирис, Олимпијакос – Уникаха и Валенсија – Анадолу Ефес.