Connect with us

Тајмаут

Убиен еден од најдобрите спортисти во Еквадор

Познатиот спринтер Алекс Кинонес е убиен во Еквадор.

Рано во саботата, полицијата соопшти дека еквадорскиот спринтер кој имал можност да трча со Усеин Болт бил убиен во пристанишниот град Гвајакил.

Тој стана национален херој во 2012 година кога стигна до финалето на трката на 200 метри на Олимписките игри во Лондон, но заврши седми, а златото потоа го освои Јусеин Болт.

Кинонес е убиен откако кон него бил испукан куршум во петокот вечерта, а покрај него бил убиен уште еден маж.

Еквадорскиот претседател Гиљермо Ласо изрази жалење за се што се случи на Твитер:

„Нашето најдлабоко сочувство до неговите најблиски. Се надевам дека ќе почива во мир. Оние што убиваат Еквадорци нема да останат неказнети. Ќе одговориме силно“, рече еквадорскиот претседател.