Connect with us

Фудбал

УЕФА ги казни Србија, Хрватска, Словенија и Албанија за расизам

УЕФА најави нови казни поврзани со случувањата на ЕП во Германија, а за расизам на трибините казни дури седум репрезентации. Хрватска е казнета со 50.000 евра, а навивачите добија забрана за присуство на првиот натпревар на гости поради расистичкото однесување на навивачите на натпреварите против Шпанија, Албанија и Италија.

Србија е казнета со 30.000 евра, а навивачите добија забрана за присуство на првиот натпревар на гости поради расистичкото однесување на навивачите на натпреварите против Англија, Словенија и Данска. Словенија е казнета со 30.000 евра и условна забрана за пристигнување на навивачи на првото гостување поради расистичкото однесување на навивачите на натпреварите со Данска, Англија и Португалија.

Албанија е казнета со 30.000 евра и условна забрана за присуство на навивачи на првото гостување поради расистичкото однесување на навивачите на натпреварите против Хрватска и Шпанија.

Романија е казнета со 40.000 евра, а навивачите добија забрана за настап на првото гостување поради расистичко однесување на навивачите на натпреварите против Украина, Белгија и Холандија. Унгарија е казнета со 30.000 евра и условна забрана за присуство на навивачи на првото гостување поради расистичкото однесување на навивачите на натпреварите против Германија и Шкотска. Австрија е казнета со 20.000 евра и условна забрана за доаѓање на навивачите на првото гостување поради расистичкото однесување на навивачите на натпреварот со Полска.

Advertisement