SPORTM.mk
УЕФА ја одби жалбата на Грција: Кратенката МКД е во согласност со Преспанскиот договор
Во одговорот од УЕФА што го пренесуваат грчките медиуми, се наведува дека во службената комуникација се користи терминот „Фудбалска федерација на Северна Македонија“ и дека оваа терминологија е соодветно адаптирана на ЕВРО 2020.
„УЕФА го следи примерот на другите спортски институции како Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и го користи кодот (МКД) од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и ова е во согласност со член 1, параграф 3, точка е од Договорот од Преспа“
се наведува во одговорот од УЕФА.