Фудбал
УЕФА одлучува за останување на Бонучи во Милан
Навивачите на Јувентус беа шокирани, кога минатото лето Леонардо Бонучи одлучи да се пресели во Милан, а само една година подоцна разочарувањето може да завладее и кај навивачите на “црвено-црните”.
Италијанските медиуми велат дека 31-годишниот стопер, кој во меѓувреме стана капитен на Милан, ќе го напушти клубот ако УЕФА донесе одлука за суспензија од Лига Европа. А тоа е можно и да се случи.
Европската фудбалска федерација го отфрли предлогот на Милан за договор за финансиски фер игра, што значи дека клубот ќе биде казнет. Сепак останува да видиме и на кој начин. Можеби само парична казна, можеби забрана за трансфери, а можеби суспензија за играње во Лига Европа.
Милан го освои шестото место во Серија А во изминатата сезона и освои директен пласман во групната фаза, а дали ќе игра во Лига Европа, останува да видиме.