SPORTM.mk
УЕФА стапи во контакт со Французите: Лига 1 би можела да заврши во плеј-оф
Европската фудбалска федерација (УЕФА) испрати писмо до францускиот весник „Ле Парисен“ во кое тие ја потенцираат надежта дека првенството во Лига 1 ќе заврши на крајот на краиштата.
Лидерите на Лига 1, со согласност на француската влада, решија да ја прекинат сезоната и да ја прогласат ситуацијата на табела како конечна.
„Ле Парисиен“ стапи во контакт со УЕФА со прашање за можното продолжување на сезоната во Франција преку плеј-оф формат. УЕФА посочи дека ова ќе биде идеална и охрабрувачка можност.
„Ако сезоната продолжи, преку плеј-оф може да заврши. Сепак, УЕФА нема моќ да ги донесе овие одлуки. Евентуалниот почеток на натпреварувањето ќе значи дека мора да заврши најдоцна до 2 август“, изјави УЕФА за францускиот весник.
Сепак, навистина е нереално да се очекува пресврт. Клубовите и играчите веќе долго време се на годишен одмор и ние нема да ги гледаме Французите на теренот до август, кога се закажани натпреварите во Купот.
Со одлука на Лига 1, ПСЖ беше прогласен за шампион, а во Лигата на шампионите ќе бидат и Марсеј и Рен.