Фудбал
Украинска криза: ФИФА и УЕФА ги забранија сите руски клубови и репрезентации
Светската фудбалска управа ФИФА и Европската управа УЕФА ги суспендираа руските клубови и репрезентации од сите натпреварувања.
Потегот доаѓа откако Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) препорача на руските и белоруските спортисти и официјални лица да им се забрани учество на какви било организирани меѓународни натпревари.
Тоа значи дека руската машка репрезентација нема да ги игра своите натпревари од плеј-офот за Светското првенство следниот месец, а женската селекција доби забрана за учество на Европското првенство летово.