Фудбал
Ултиматум за Емери, да почне да победува, во спротивно во јануари добива отказ
Унаи Емери барем уште малку ќе остане на клупата на Арсенал. Според англиските медиуми тој добил ултиматум од раководството на тимот да почне да победува, во спротивно ќе заработи отказ во јануари.
Во следните четири кола Арсенал ќе игра со Саутемптон, Норич, Брајтон и Вест Хем, а токму овие четири натпревари можат да му пресудат на Емери.
По оваа „лесна“ серија, следуваат неколку силни дерби мечеви со водечките екипи, па поради тоа раководството бара од Емери да победи на овие натпревари со цел да се крене самодовербата пред мечевите со Челзи, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Пред неколку дена англиските медиуми објавија дека Емери наскоро ќе стане поранешен, а на негово место ќе биде ангажиран Луис Енрике.