Connect with us

Фудбал

Унаи Емери ја продолжува доминацијата над Тотенхем

Астон Вила го победи Тотенхем со 2-0 на гостински терен во првиот натпревар од Премиер лигата во новата 2023 година и на тој начин ги истисна Спарс од топ 4 и за возврат се зацврсти на 12-та позиција.

За менаџерот на негативците, Унаи Емери, успешните натпревари против Тотенхем не се нешто ново. Шпанскиот стручњак има 4 натпревари против лондончани, се уште без пораз.

Претходните 3 натпревари на Емери против Тотенхем беа од неговото време како менаџер на Арсенал. Потоа оствари 2 нерешени и 1 победа над Спарс, при што гол-разликата на натпреварите на Емери против Тотенхем беше 9:5 во корист на тимовите на Емери.