Фудбал
Унаи Емери пред отказ, Луис Енрике негов наследник
Арсенал дефинитивно не ги постигнува посакуваните резултати. По синоќешниот пораз тренерот Унаи Емери се наоѓа пред отказ, а против него оди и фактот што е нарушена атмосферата во соблекувалната.
Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал веќе воспоставил конакт со неговиот наследник, а тоа е Луис Енрике. Поранешниот тренер на Селта, Рома, Барселона и селектор на Шпанија, наводно имал желба да седне на клупата на „Топџиите“, па остануваат само детали од конечен договор.