Ракомет
Унгарија ја совлада Романија
Романија го запиша четвртиот пораз во втората фаза на Европското првенство на денешната средба со Унгарија (26-24). Овој натпревар одлучуваше само за што подобар пласман во групата и секако за конечниот поредок на турнирот, бидејќи и двете репрезентации немаа шанси за полуфинале. За Унгарките ова е само втора победа на Европското првенство, а првата ја остварија во првата групна фаза.