Connect with us

Фудбал

Уникатно видео! Погледнете што се случи со стадионот на Тотенхем

Бурата Јунис продолжува да предизвикува големи проблеми во Западна Европа. Голем број објекти и згради се сериозно оштетени од ветровите, достигнувајќи 90 милји на час во делови од ОК.

Стадионот на холандскиот АДО Хаг остана без дел од покривот, а искршен е еден од столбовите на кој беше поставен дел од осветлувањето на објектот.

Медиумите во Англија пренесоа многу интересно видео за ултра модерниот стадион на Тотенхем во Лондон и особено за неговата покривна конструкција. На видеото буквално се гледа како покривот на објектот „пулсира“ под налетите на ветрот.

На моменти снимката изгледа дури и нереална, но експертите објаснуваат дека изградбата на стадионот е прилагодена на вакви итни случаи.

Стадионот на Тотенхем е еден од најмодерните и најскапите во светот. Објектот ги чинеше Спарс повеќе од 1 милијарда фунти.

Погледнете го видеото: