Connect with us

Тајмаут

Упаднале на стадион и снимиле филм за возрасни, покрената истрага (ФОТО)

Скромниот бразилски клуб Гуарани кој игра во тамошната Втора лига, овој вторник објави дека започнал внатрешна истрага за да се утврдат фактите за снимањето на порно видео, кое се појавило на неколку страници со содржини за возрасни, а било снимено на трибините на нивниот стадион.

Како што пренесува порталот „ГлобоЕспорте“, прес-службата на Гуарани изјавила дека продукцијата е извршена без никакво овластување од клубот, нагласувајќи дека властите веќе се запознаени со целиот случај. Исто така, според истиот извор, клубот бара да се прегледаат сите снимки од стадионот за да се утврди како луѓето кои го снимиле ова видео влегле внатре.

Во видеото кое трае пет минути, наводно се гледа Ману Фокс, актерка од филмовите за возрасни.