Фудбал
Урнебесно: Првиот човек на Сампдорија вели дека Роналдо требало да добие жолт картон за скокот
Првиот човек на Сампдорија, Масимо Фереро, познат по контроверзни и интересни изјави, уште еднаш е во центарот на вниманието. Во изјава за „Скај Спорт“, коментирајќи го мечот помеѓу неговиот тим и Јувентус, кој го доби италијанскиот шампион со 2:1, рече дека Роналдо за неверојатниот скок требало да добие жолт картон.

-Морам да кажам дека Роналдо требаше да добие жолт картон за тој скок. Изгледаше како да скокнал од авион, изјави шеговито Фереро, додавајќи дека Роналдо го добил мечот, а неговите фудбалери добро се бранеле.