Connect with us

Тајмаут

Урнебесно видео: Се поздрави со публиката, појде да го напушти теренот, а потоа сфати дека не го носи дресот со број 14

Фудбалерот на Монако, Бакајоко предизвика низа реакции на социјалните мрежи, но и на сите присутни на стадионот со неговиот потег.

Имено, тој на судискиот семафор ја виде најавената измена, а теренот требаше да го напушти играчот со број 14. Тој ја отпоздрави публиката, тргна кон аут линијата, но потоа му сигнализираа дека не е тој фудбалерот кој треба да ја напушти играта. Дури потоа сфати дека тој не го носи дресот со број 14.

Бакајоко по мечот се огласи на Твитер: Вратете ми го дресот со број 14.

Овој дрес во моментов е во сопственост на Кеита Балде.