Connect with us

Фудбал

Уште две места во првата капа на ЛШ

Баерн Минхен, ПСЖ и Бенфика вчера ги освоија титулите и со тоа ги зазедоа своите места во првиот шешир од групната фаза на Лигата на шампионите во сезоната 2023/24.

Веќе е познато дека Барселона, Манчестер Сити и Наполи се во првиот шешир, додека останува да видиме кој ќе ги заземе последните две места.

Во игра се финалистите од Лига Европа Севиља и Рома, јасно е, кој и да победи и да го освои трофејот, оди и во првиот шешир во Лигата на шампионите.

Последното место ќе го заземат Интер или Феенорд. Доколку Интер ја освои Лигата на шампионите и го победи Сити, а во случај тимот на Гвардиола да го крене пехарот, холандскиот шампион оди во првиот шешир.

Се на се, првиот шешир ќе го знаеме по финалето на ЛЕ и ЛШ, на 31 мај и 10 јуни.