Фудбал
Уште еден голман објави крај на кариерата во репрезентацијата
Голманот Стив Манданда го објави своето повлекување од репрезентацијата на Франција на прес-конференција пред дуелот од Лига 1 помеѓу Рен и Пари Сен Жермен .
„Треба да знаете да застанете кога треба“, сподели 37-годишниот чувар.
Манданда освои сребрен медал на Европското првенство во 2016 година, стана светски шампион во 2018 година и е сребрен медал на Светското првенство во 2022 година.
Капитенот на „петлите“ и соиграч од Манданда, Хуго Лорис, исто така неодамна објави дека ја завршува кариерата во националниот тим.