Ракомет
Уште едно големо признание за Кире Лазаров, најдобар десен бек во изминатата деценија
Македонскиот најдобар ракометар на сите времиња Кире Лазаров доби уште едно големо признание. Тој е прогласен за најдобар десен бек во изминатата деценија во изборот на „handball-planet“. Ова признание Лазаров го освои откако доби најголем број на гласови од навивачите, но и од тренерите, ракометните легенди и новинари од Европа, кои го сочинуваа стручното жири. Кире Лазаров доминантно стигна до признанието со дури 67% од гласовите, Ласло Наџ собра 23, а Алекс Дујшебаев 10%.
За најдобар ракометар изминатава деценија е избран францускиот репрезентативец, Никола Карабатиќ а во идеалниот тим место обезбедија Тери Омејер, Микел Хансен, Уве Генсхајмер, Лук Абало и Жулен Агинагалде и Виран Морос.
