Connect with us

Ракомет

Уште едно мундијалско разочарување, Македонија без решение и против Русија

Македонската репрезентација доживеа уште еден убедлив пораз. Русија беше поуспешна и издвојува победа од 32:20.

Како што се очекуваше, Русија ја оправда улогата на фаворит и издвојува висока над Македонија со 12 голови разлика.

Проблемите за нашата репрезентација започнаа уште на самиот почеток на натпреварот. Имавме големи проблеми и во одбраната и во нападот. За тоа зборува и фактот дека на нашите репрезентативци им беа потребни 11. минути за да го постигнат првиот гол, па првото полувреме го завршивме со 10 голови негатвиа (9-19).

Имаше грешки и во играта на Русија, меѓутоа за раслика од нас, тие беа во помал број. Исто така игратана Русија беше значително побрза и по борбена за разлика од нашата, каде делуваше како Македонија да се предаде на самиот старта на натпреваро.

Русија успеа да ја одржува предноста која ја стекна во првото полувреме, а на крајот и да ја зголеми, до самиот крај и издвојува висока победа од 32:20.

Македонската репрезентација во недела го игра последниот натпревар на втората фаза на СП против репрезентацијата на Белорусија во 15:30.