Connect with us

Фудбал

Уште колку Гвардиола ќе биде тренер на Манчестер Сити?

Во моментов Пеп Гвардиола ја „турка“ четвртата сезона како тренер на Манчестер Сити, а досега подолго не бил ниту во еден клуб. Поранешниот тренер на Барселона и Баерн Минхен се налути на сугестиите дека по завршувањето на сезоната би можел да го напушти Сити.

Претседателот на клубот Халдон Ал Мубарак изјави дека би се радувал соработката да продолжи и во следните години,

Сепак, Пеп Гвардиола е резервиран и вели дека се зависи од резултатите.

-Како што сум кажал и порано. Се чувствувам комфорно во овој клуб, но се зависи од резултатите. Ајде да видиме што ќе се случи оваа и следната сезона. Отворен сум за идејата да останам подолго, вели Пеп.