Фудбал
Уште малку остана до историја! Кристијано Роналдо наскоро ќе го „сруши“ интернетот со објава за Манчестер Јунајтед
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо денеска ги помина медицинските прегледи и потпиша двегодишен договор со Манчестер Јунајтед , пренесуваат британските медиуми.
Роналдо ги напушти редовите на Јувентус во петокот, кога и официјално беше потврдено дека ќе се врати на „Олд Трафорд“.
Јунајтед се уште не потврди дека Роналдо потпиша нов договор, а британските медиуми шпекулираат дека вредноста на трансферот е 15 милиони евра со бонуси.
Cristiano Ronaldo has completed his medical at Manchester United ahead of his move from Juventus ✅
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 30, 2021
Во првиот мандат, Португалецот го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ од 2003 до 2009 година.
Претходно, Кристијано играше за Спортинг, а по Јунајтед, тој помина речиси една деценија во Реал Мадрид, пред да се пресели во Јувентус во 2018 година.